Cloud хостинг - Хибридни приватни сервери

Хибридни решенија за cloud computing

Корисниците кои располагаат со сопствена IT инфраструктура можат да изнајмат дополнителни ресурси од "облакот" за потребите на својот развој, тестирање и обука во случај на недостаток на интерен капацитет, за потребите на оправување при катастрофи, оддалечено чување на резервни копии на своите податоци, испорака на услуги на надворешни корисници итн. До сите овие сервиси во “облакот” се пристапува на ист начин ( со исти алатки ) како и на сопствената инфраструктура во облакот и обратно. Мрежната инфраструктура на корисникот и испорачаната услуга во облакот се однесуваат како единствена приватна мрежа.


Вклучено со секој хибриден Cloud хостинг пакет

Реинсталација на оперативен систем

Предвидена е 1 (една) реинсталација на оперативниот систем во рамките на активната година.

Реконфигурација на VPS серверот

Комплетна реконфигурација на приватниот сервер на годишно ниво.

Backup и заштита на податоците

Во текот на активната година предвидени се до 5 (пет) барања за Backup/Restore на податоците.